ВИДЕО: Терористот од Ница викнал „Алаху акбар“, а потоа полицијата го застрелала - снимено како паднал напаѓачот кој уби 3 лица

Француската полиција го уапсила 23-годишниот напаѓач за кој постои сомнение дека убил 3 лица во Ница.

Како што пренесуваат медиумите, на една жена ѝ отсекол глава, а уште неколку рани кај катедралата Нотр Дам.

Градоначалникот на Ница, Кристијан Естроси навел дека станува збор за терористички напад и дека напаѓачот викал„Алаху акбар“ дури и после апсењето.

 Како што може да се види на снимката, полицијата влетала во катедралата и се пресметала со напаѓачот.

„Осомничениот бил ранет од полицијата за време на приведувањето. Жив е и се наоѓа во притвор“, рекол Естроси пред новинарите. 

Засега не се знае многу за самиот напаѓач затоа што немал документи кај себе, а полицијата земала отпечатоци од ножот и се надева дека наскоро ќе биде утврден неговиот идентитет.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.10.2020 - 12:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега