ВИДЕО: Терористички напад во Ница - напаѓачот колел луѓе во црква, две лица се обезглавени

Најмалку три лица се убиени, а неколку се ранети во напад со нож во црква во Ница, пренесуваат француските медиуми. Две лица се обезглавени, пишува Дејли Меил.

Како што пренесува Фигаро, телото на една жена било пронајдено во катедрала во Нотр Дам. Другата починала на улица затоа што се обидувала да се засолни во блиското кафуле. Уште еден маж е убиен.

Полицијата го застрелала терористот и тој се наоѓа во болница, пишува „L'Parizijen". Напаѓачот после апсењето викал „Алаху акбар“.

Според пишувањата на француските медиуми, се слушнало пукање и во околу 9 часот. Граѓаните биле замолени да го избегнуваат подрачјето околу црквата додека била во тек полициска акција.

Градоначалникот Кристијан Естроси ѝ се заблагодарил на полицијата на брзата реакција.

„На лице место сум со полицијата...Потврдувам дека се сугреира на терористичка напад кај базилика“, рекол тој.

Во меѓувреме, полицијата вршела контролирана експлозија на тоа подрачје, па се слушале и детонации и побарала јавноста да ја избегнува таа област додека работат тимовите за отстранување на бомбите.

Францускиот министер за внатрешни работи Жерал Дарманене рекол дека во Ница е во тек полициска операција, пренесува Ројтерс.

Мотивот на овој напад се уште не е познат.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.10.2020 - 11:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега