Верижен судир се случил утринава на автопатот Штип-Миладиновци, поради што сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента.

Како што објавува М-Нет, се судриле пет возила, најверојатно бидејќи на патот имало голомразица, па колите се излизгале, иако нема официјална информација за причината за несреќата.

Засега нема ни информации за состојбата на возачите и патниците.

Се очекуваат детали.

Exit mobile version