(ВИДЕО) Судир меѓу полицијата и демонстрантите во Кина поради строгите ковид мерки

 

Во кинескиот град Гуангжу демонстрантите се судрија со полицијата поради строгите ковид мерки пренесуваат медиумите во светот.

Според Ројтерс, судирите во јужниот град означуваат ескалација на протестите одржани во трговскиот центар на Шангај, главниот град Пекинг и други градови во текот на викендот, во најголемиот бран на граѓанска непослушност во Кина откако претседателот Шји Џјинпинг ја презеде власта.

Расте незадоволството кај кинеските граѓани поради острите мерки против коронавирусот, кои влијаат и на кинеската економија, пишува медиумот.

Била забележана полиција како спроведува голем број лица со лисици на рацете на непозната локација, пренесува британската агенција. Друго видео покажува луѓе како фрлаат предмети кон полицијата.

Во објавите на социјалните мрежи се наведува дека судирите се случиле во вторникот вечерта и биле предизвикани од мерките против коронавирусот. Владата на Гуангжу, градот најтешко погоден во последниот бран на инфекции, не одговори веднаш на барањето за коментар.

Австралискиот институт за стратешка политика (ASPI) процени дека се одржале 43 протести во 22 кинески града.

30.11.2022 - 10:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега