ВИДЕО: Страшно невреме зафати го грчкиот остров -луѓе останаа заробени во нивните куќи, а има и жртви

По катастрофалното невреме на грчкиот остров Евиа, откриени се три жртви - постара двојка и осуммесечно бебе, а десетици луѓе беа заробени во нивните куќи или автомобили, соопшти грчката полиција.

Полицијата ја пронашла брачна двојка (86 и 87) во поплавена куќа во селото Политика, на околу 100 километри северно од Атина, без никаков знак на живот и бебе, во истото село, на приземјето од куќата во која заедно со родителите дошле на одмор, пренесува АП.

Многумина од граѓаните кои се нашле загрозени од надојдената вода, се качиле на покривите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.08.2020 - 15:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега