ВИДЕО: Столче плови низ улиците, претворени во реки во Кавадарци

Столче плови низ поплавените улици во Кавадарци. На видео е снимен момент како столче од угостителски објект го повлекла водата, па така моментално „плови“ низ поплавените улици на овој град. 

За потсетување, невреме со врнежи од град го зафати попладнево Кавадарци, големи количини на вода се слеваат по улиците и тротоарите во градот, од поројните дождови. Засега не се знае дали градобијните зрна имаат предизвикано штети на земјоделските култури, во време кога е актуелна и бербата на грозјето од годинешнава реколта. 

Врнежи од град деновиве имаше и во селата од Поткожувјето, оддалечени околу четириесетина километри од градот

20.08.2024 - 18:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега