Close Menu
Press24
    Најново

    Ограбена црква во кривопаланечко: Однесени пари и бакарен котел

    03.08.2026 во 15:55

    Приведен полицаец во Стар Дојран: Претепал жена со која бил во врска и нејзиниот малолетен син

    03.08.2026 во 15:39

    „Колапс“ на ГП Богородица: Се чека по три часа за излез од Македонија

    03.08.2026 во 15:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ограбена црква во кривопаланечко: Однесени пари и бакарен котел
    • Приведен полицаец во Стар Дојран: Претепал жена со која бил во врска и нејзиниот малолетен син
    • „Колапс“ на ГП Богородица: Се чека по три часа за излез од Македонија
    • Гаши во Каиро: Македонија е пример за меѓурелигиски и мултиетнички соживот
    • Избегната трагедија: Приведен пијан пешак на автопатот Гостивар–Тетово, шетал по коловозот и навредувал полицајци
    • УХМР со најнови податоци: Гевгелија и Велес ги соборија денешните температурни рекорди
    • Приведен 52-годишен стружанец: Навредливо се однесувал кон службени лица на прославата за 2 Август во Ташмаруништа
    • Тешко повредено 4-годишно дете од Скопје: Во него удрило возило со швајцарски таблички
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ВИДЕО) Стојаноски: Лагите на Филипче се рушат како кула од карти, добивме повеќе пари од Албанија и Црна Гора заедно

    (ВИДЕО) Стојаноски: Лагите на Филипче се рушат како кула од карти, добивме повеќе пари од Албанија и Црна Гора заедно

    22.05.2026 во 11:412 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, на денешната прес-конференција упати остри критики до лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го за ширење невистини во јавноста во однос на напредокот на државата.

    Стојаноски потенцираше дека официјалните податоци од Брисел директно ги демантираат тврдењата на опозицијата за кочење на европскиот пат.

    „Филипче лажеше за мигранти, лажеше дека државата ќе банкротира, лажеше дека е празен Буџетот, лажеше за ИПАРД фондовите, лажеше за Реформската агенда и изјавите на Вајц, Филипче нема за што не излажа. И како за се, веднаш доаѓа демант од релевантните институции“, изјави пратеникот.

    Тој ги презентираше бројките од последниот извештај, според кои Македонија се наоѓа пред останатите земји од регионот по повлекување на европските средства.

    „Македонија е најнапредна во Реформската агенда, со највеќе средства доделени од ЕУ во висина од 65,7 милиони евра, пред фронтранерите Албанија со 49 милиони евра и Црна Гора со 44,2 милиони евра. Ова е за Јануарскиот извештај, за којшто претседателот Мицкоски истакна дека ќе бидеме први, и тоа така испадна“, вели Стојаноски.

    Според неговите зборови, овие средства се веќе лоцирани и ќе бидат искористени за конкретни реформи во образовниот систем и инфраструктурата.

    „Во Република Македонија, оценетите реформи вклучуваат мерки за подобрување на финансирањето на основното и средното образование и мерки за проширување на пристапот до дигиталната инфраструктура и ИТ опрема во училиштата. Од 65,7 милиони евра, 30,6 милиони ќе бидат префрлени во државниот буџет, додека останатите средства се достапни за инвестициски проекти преку Инвестициската рамка за Западен Балкан“, појасни пратеникот.

    Од владејачката партија најавуваат дека темпото на реализација ќе продолжи да се зголемува во наредниот период.

    „Доколку се оди според планот, а Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Мицкоски работи напорно тоа да биде реализирано, Македонија за јуни месец ќе ја удвои сумата и повторно ќе бидеме први во исполнувањето на Реформската агенда“, рече Стојаноски.

    На крајот, тој заклучи дека опозициските тези немаат реална основа на терен.

    „Секоја изнесена теза на Филипче се руши како кула од карти. Секоја лага на Филипче се распрснува како меур од сапуница. Македонија ќе биде лидер во исполнувањето на Реформската агенда, а со тоа ќе бидат искористени и средствата кои се предвидени согласно планот за раст“, стои во интегралниот текст.

    Прочитај повеќе

    Гаши во Каиро: Македонија е пример за меѓурелигиски и мултиетнички соживот

    03.08.2026 во 15:06

    СДСМ: Што навистина му се случило на Мицкоски во Ташмаруништа

    03.08.2026 во 10:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.