(ВИДЕО) Србите се испотепаа за ќебапи на акција - жена дури „влезе“ во фрижидерот да не и ги земат

Вистински хаос се случи во Србија денеска, граѓаните се испотепаа во Лидл маркетот, а причината е банална „ќебапи на акција“

Не се гледа кој што зема и колку пакети, луѓето викаат, се туркаат, а споменатата жена во еден момент дури со горниот дел од телото „влегла“ во фрижидерот за да ги одбрани пакетите кои имала намера да ги земе.

Промоцијата на Лидл за свински и говедски ќебапи завршува денеска, а цената за килограм е 319,99 динари. Акцијата започна во четврток на 23 март, а завршува денеска, поради што настана гужва и тепачка.

Слична ситуација е забележана и во Станово кај Крагуевац. Од истата причина таму настана хаос поради попустот на ќебапите.

29.03.2023 - 18:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега