ВИДЕО: Снимено додека претепуваат момче - полицајци во Сплит претерале со употребата на сила

Правосудни полицајци вчера на Општинскиот суд во Сплит претепале маж.

На вчера објавеното видео се гледа како правосудни полицајци се обидуваат да совладаат човек на под. Еден од нив неколку пати го удрил со пендраск. На тоа видео се гледа дека конфликтот е во тек.

Момчето, како што се гледа, оди кон излезот. Немал маска, аза тоа добива приговор од еден маж. Но, потоа друг маж го зграбува за рака и започнува конфликт. Човекот, како што се гледа на снимката, го фатил полицаецот за врат. Но, веднаш го совладуваат тројца полицајци.

Вака полицијата го опишала настанот.

„Полициски службеници на втората сплитска станица во Сплит извршија криминалистичко истражување над 28-годишник поради сомнение дека извршил кривично дело принуда против службено лице.

Имено, постои сомнение дека вчера влегол во конфликт со правосудните полицајци на влезот во Општинскиот суд во Сплит, после што бил предупреден на задолжително носење на маска за лице.

Поради сомнение дека го извршил горенаведенбото дело, против 28-годишникот че биде поднесена кривична пријава од надлежното државно правобранителство“, се наведува во соопштението.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.02.2021 - 08:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа