ВИДЕО: Снимена кражбата на кутијата со пари за помош на лекување на малата Аника од Србија

На малата Аника Маниќ (2), која боледува од тешка и ретка болест, мускулна атрофија на 'рбетниот столб, и се потребни пари за да замине на лекување во САД, каде што ќе прими лек што се зема еднаш во животот. И додека речиси половина Србија се обедини да и помогне во таа цел, камерите во Краљево пред еден ресторан за брза храна снимија срамен чин - човек кој бесрамно краде кутија со пари наменети за помош на болно девојче.

Инцидентот се случил на 19 ноември во барот „Ќев АП Хаус“, на улицата Олге Јовичиќ, пред ОУ „Светозар Марковиќ“.

Како што наведуваат од ресторанот за брза храна, кутијата содржела околу 30.000 динари и апелираат на својата страница на Инстаграм до граѓаните да ја контактираат полицијата доколку дознаат нешто за немилиот настан.

Потсетуваме, Аника Маниќ, девојчето кое боледува од спинална мускулна атрофија, грчевиот се бори за својот живот во последните неколку недели. Се ближи времето кога таа треба да ја прими терапијата, која чини неверојатни 2,4 милиони долари.

Аника е родена како здраво, силно бебе, со силни рефлекси и со оценка десет.

Сепак, по петтата недела од животот на Аника, родителите на лекарскиот преглед забележале дека нивното бебе не реагира толку силно како порано. По само две недели, преслаткото девојче добило дијагноза за која нејзините родители никогаш порано не чуле, спинална мускулна атрофија или скратено СМА тип 1.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.11.2020 - 08:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега