ВИДЕО: Снимен земјотресот кој утринава ја погоди Македонија

 

Силен земјотрес со јачина од 5,5 степени рано утрово во 04:54 часот ја стресе Македонија и разбуди дел од населението.

Епицентарот на земјотресот е во селото Леуново, во близина на Маврово, на длабочина од 10 километри.

Повеќе гостиварци и жители на градови во западниот дел од државава, како што објавија по социјалните мрежи, утрово доживеаја непријатно будење. Во шест минути пред пет часот почувствувале потрес со средна јачина.

Освен вознемиреност кај граѓаните, досега не се регистрирани штети, а доколку ги има, тие да може да се пријават во Центарот за управување со кризи на телефонскиот број 195. Околу 6:23 часот почувствуван е уште еден потрес со јачина од 3,6 степени, што се толкува како афтер шок по првиот удар.

Дека земјотресот навистина бил силен и предизвика вознемиреност кај граѓаните сведочи и ова видео снимка од маркет во селото Челопек во Тетово.

Земјотресот бил почуствуван и во соседните земји.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.11.2020 - 12:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега