ВИДЕО: Снег на почеток на пролетта - Македонија под снежна покривка

Како што беше најавено од УХМР денеска повторно заврна снег во Македонија.

Врнежите ќе бидат пообилни во западните и северните делови (до понеделник наутро локално над 30 литри на метар квадратен), информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Воздушниот притисок ќе се намали за повеќе од 10 мерни единици. Ќе дува слаб до умерен ветер, во југоисточните делови од југоисточен, а во останатите од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои кон крајот на денот и во текот на ноќта во делови од котлината ќе преминуваат во снег. Минималната температура ќе биде околу 2, а максималната ќе достигне само до 3 степени.

До утре ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Врнежите повремено ќе преминуваат во снег и на некои пониски места, особено во ноќните и утринските часови. До крајот на денот во понеделник на планините ќе се формира позначителна снежна покривка, а нова од околу 15 сантиметри ќе има и речиси насекаде во западните и североисточните делови. Мала снежна покривка до околу пет сантиметри ќе се формира и во скопската котлина.

Од утре до среда ќе дува повремено силен ветер од северен правец (локално и над 60 км/час). Од вторник ќе преовладува променливо облачно и студено време со ниски утрински температури, а во вторник и во среда кон крајот на денот на места ќе има услови за провејување на снег, посочуваат од УХМР. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.03.2021 - 15:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега