(ВИДЕО) Слушнете ја новата песна на Здравко Чолиќ - „Бирај ти“


Легендарниот пејач и текстописец Здравко Чолиќ после две години повторно објави нова песна „Бирај ти“. Тоа е само една во низата премиери што ќе биде увертира на 16-тиот студиски албум на музичкиот великан.

„Бирај ти“ е носталгична приказна за сеќавањата на една стара љубов која се враќа, а за чија судбина одлучува таа – Јелена.

Текстот и музиката на песната ги потпишува неговиот пријател сарајлија, музичкиот волшебник Дино Мерлин.

Зад музичкиот аранжман стои Марко Стојановиќ Луис, а спотот за песната е снимен под палката на режисерот Арнеј Мисирлиќ.

03.04.2024 - 23:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега