Најпознатиот македонски шоумен и актер, Игор Џамбазов, стана жртва на дрзок интернет криминал. Неговиот лик десетина дена се злоупотребува во лажни видеа и реклами за „чудотворни“ производи за слабеење, кои ги преплавија социјалните мрежи. Џамбазов преку Инстаграм испрати жестока порака до оние кои стојат зад оваа измама.
„Не, не сум ослабен 20 килограми. Не, немам од тие таблети, чаеви или масти. И не познавам никаква докторка Елизабета!“, дециден е Игор.
Тој откри дека случајот е веќе кај неговите адвокати и дека сторителите скапо ќе ја платат оваа манипулација.

