ВИДЕО: Силно невреме во регионот, наврнале големи топки град - бурата носела се пред себе

Силно олујно невреме проследено со град во попладневните часови ги погодило селата Прилика, Катиќ, Дубрава, Меџуречје, Мочиоци, Ровци, Лука и Лиса. Обилниот град нанел голема материјална штета.

„Паѓаше повеќе од 10 минути, град со големина на јајце. Го уништи сето овошје и зеленчук, штетата е голема. На некои куќи ги оштети и крововите. Невремето ги уништи и садниците за следната година", изјавил за "Rina" Добривоје Радовиќ од селото Прилика. 

Обилните дождови отсекле и неколку патни правци во близина на селата.

„Во облаците се испукани 50 противградни ракети, но градот сепак ги опустоши селата. Се претпоставува дека е направена голема материјална шета на посевите кои беа подготвени за берба и на патната инфраструктура. Уште не закрепнавме од поплавите, а сега ни се случи уште една елементарна непогода", изјавил заменик претседателот на општина Ивањица, Момчило Митровиќ.

Градот не го заобиколил ни Чачак, а во попладневните часови силното невреме го погоди и селото Ракова како и околните села на територијата на градот Чачак.

„Наеднаш се наоблачи и за кратко време имаше силен дожд, а потоа и град кој паѓаше десетина минути. Веќе втора вечер по ред минуваме низ истиот страв дали ќе ни се случи големо невреме, со оглед на тоа дека имаме големи количини на стебла на овошје и зеленчук во овој крај. Сега е сезона на пченка, па наместо плодови, треба да собираме град", рекол Милош Весковиќ, жител на село Ракова.

Силно невреме проследено си сите град ги зафатило и општините Нова Варош и Којсериќ, а град имало и во делови на општината Прибој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.07.2020 - 11:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега