ВИДЕО: Шилегов покажа како ќе изгледа јавниот превоз со трамвајот на тркала

Што претставува БРТ (Бас Рапид Tранзит) системот на јавен превоз и зошто Градот Скопје го одбра токму овој модел на јавен транспорт како решение, беа главните прашања на кои одговори денешната презентација на системот за брз автобуски превоз, што се одржа во хотелот „Хилтон“.

На презентацијата присуствуваа градоначалникот, Петре Шилегов, помошник директорот на ЕБОР, Ијан Џенингс, сообраќајниот експерт од областа на јавен градски превоз, Никола Крстаноски, сообраќајниот експерт за БРТ, Градимир Стефановиќ, генералниот менаџер на израелската компанија РОМ Транспортејшн, Моше Хирш, вицепремиерот, Љупчо Николовски, претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, градоначалници и претставници од невладиниот сектор.

„Целта на денешната презентација е да се обидеме да креираме јасна претстава за јавноста, пред се за граѓаните како главни актери во урбаната мобилност, за тоа што претставува БРТ системот и зошто го одбравме токму овој модел на јавен транспорт како најдобро решение за Скопје. Граѓаните имаат право да ги знаат сите информации за тоа на кој начин се развива градот во кој живеат и колку ќе се подобри квалитетот на живот со воведување на БРТ во Скопје“, рече градоначалникот Шилегов.

Тој нагласи дека е горд што Скопје почнува нова историја во јавниот транспорт кој, како што кажа, ќе гарантира позитивно влијание во заштитата на животната средина и подобрувањето на квалитетот на воздухот.

Со БРТ се воспоставуваат две линии со коридори резервирани само за ултра-еколошки автобуси – од Ѓорче Петров до Ново Лисиче и од Бутел до Кисела Вода. Трасата со правец запад-исток е во должина од 12,8 км во една насока, со 21 станица, а трасата со правец север-југ е во должина од 10,4 км и 20 автобуски станици.

Проектираната вредност за овие две рути е околу 70 милиони евра, што подразбира и набавка на возилата.

08.07.2021 - 14:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега