ВИДЕО: Семејството кое живеело во запалената барака навреме избегало
Ромското семејство кое живеело во напуштената барака во скопски Центар во која денеска избувна пожар успеало навреме да се спаси, дознава Press24 од информации кои пожарните служби ги споделуваат меѓу себе.
Неофицијално, во бараката живеела мајка со мали деца, но за среќа, навреме успеале да го напуштат објектот.
„Поради интервенција на Против пожарната бригада на Град Скопје на опожарен објект на ул. 11 Октомври, во овој момент за сообраќај затворен е делот од улицата на потегот од к-цата со ул. Пролет и бул.Македонија, до к-цата со бул. Кочо Рацин, во двете насоки на движење, па затоа Центарот апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот особено ако се движат кон овој потег.“ – информираат од ЦУК
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа