(ВИДЕО) Село Герман трети ден е отсечено од државата и без струја

 

Три дена селото Герман од општината Ранковце беше целосно отсечено и оставено без струја. Оставени сами на себе, во селото беа заглавени над 50 жители и луѓе кои биле на своите работни места.

Екипа на Телевизија Сител, новинарот Даниел Василев и снимателот Дарко Димитриевски денеска отидоа во селото на лице место да известуваат за ситуацијата.

Патот е непрооден, а пристапен исклучиво со специјални возила. Новинарската екипа во еден момент беше и принудена да го одглавува возилото со надлежните, бидејќи беше заглавено во снегот. 

Што прават надлежните и кога во ова село ќе бидат пристапни патиштата, погледнете во видеото во продолжение: 

27.11.2023 - 17:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега