ВИДЕО: Се појави зад новинарката среде Дневникот на РТСГ - момче покажа „двоглав орел“

 

За време на Дневникот на Радио телевизија Црна Гора во кадар се појави момче кое со рацете го напраи знакот за орел, кој е дел од албанското знаме.

Како што може да се види, додека новинарката известувала за вчерашните инциденти кои се случиле, еден автомобил запрел зад неа и потоа возачот го покажал знакот за орел, смеејќи се.

Да потсетиме, и покрај одлуката на тоа место угостителските објекти да бидат затворени поради пандемијата, претседателот на Општината Туза, Ник Џелјошај рекол дека кафулињата ќе бидат отворени.

Џелјошај после тоа со сограѓаните го блокирал меѓународниот пат и рекол дека нема да се поместат додека премиерот Здравко Кривокапиќ и потпретседателот на Владата не реагираат. Тоа не се случило и после одредено време граѓаните и полицијата се повлекле.

Дежурниот обвинител дал налог на полицијата да поднесе кривична пријава против Џелошај поради постоење основи за сомнеж дека извршил кривично дело - повикување на отпор.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.02.2021 - 08:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега