Еден од најголемите инфраструктурни проекти во Скопје влегува во клучна фаза. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи информираше дека изградбата на клучката кај Момин Поток и булеварот „Никола Карев“ се одвива со забрзано темпо.
Во моментов, екипите работат на поставување на атмосферската канализација на потегот од реката Серава до клучката со булеварот „Словенија“. Паралелно, се интензивираат работите и на левиот крак од новиот мост над Серава, кој треба да обезбеди директна и побрза врска меѓу овие значајни сообраќајни артерии.
„Како што ветив, Скопје пишува нова страница во својата историја. Со дела, не со зборови. Скопјани заслужуваат“, порача Ѓорѓиевски.

