ВИДЕО: Се е срушено после силниот земјотрес во Хрватска - припадници на војската пристигнаа во Петриња

Мошне силен земјотрес со јачина од 6,3 степени по Рихтер ја погоди Хрватска. Медиумите од регионот пренесуваат дека епицентарот бил во Петриње, на околу 45 километри југоисточно од Загреб, а неговата длабочина била 10 километри.

Првичните информации од хрватските медиуми се дека во епицентралните делови има материјална штета и недостаток на електрична енергија, а на улиците има раздвиженост на противпожарни екипи.

Сеизмолозите проценуваат дека моќта во епицентарот била од VII – IX Меркалиеви степени.

Локалните медиуми пишуваат дека потресот се случил дваесетина минути после 12 часот, а траел околу 6-7 секунди.

Потресот е почувствуван и во Љубљана, Белград и Сараево.

Според видеата објавени на хрватските медиуми, може да се види дека и припадници на хрватска војска пристигнале во Петриња зда се приклучат во спасување на луѓето од рушевините.

Погледнете ја ситуацијата во моментов:

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.12.2020 - 13:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега