ВИДЕО: Руски специјалци пристигнаа во Србија- започнаа антитерористички воени вежби

 

Во Србија започнаа антитерористички воени вежби на руската и српската војска. Во нив учествуваат единици за специјални операции на Србија и Русија, пишува „Спутник“.

Во воените вежби учествуваат 200 војници и 11 единици воена опрема на Западниот воен округ.

За време на воените вежби се вежба десант, со помош на падобранските системи „Арбалет“, напредување кон објект на нелегални воени формации, негово блокирање и уништување. Покрај тоа, ќе се изведува гаѓање од малокалибарско оружје.

На свеченото отворање, страните ја истакнаа важноста на заедничките активности за борбена обука за развој на соработката меѓу вооружените сили на Србија и Русија во областа на борбата против тероризмот.

Макфакс

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.05.2021 - 11:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега