(ВИДЕО) Русите го ракетаа Херсон: „Цел град се стресе“

 

Руските сили во вечерва силно го бомбардираа центарот на украинскиот град Херсон, при што беа повредени неколку луѓе и оштетени најмалку 10 згради, соопштија високи локални власти и работници за итни случаи.

Сликите на социјалните мрежи покажаа дека најмалку три места се срамнети со земја.

Раководител на градската управа Роман Мрочко изјави дека се повредени неколку лица, а едно лице е згрижено во болница. Тој рече дека најмалку десет згради биле оштетени.

„Вечерта се тресеше целиот град“, соопштија од службите за итни случаи на Украина на Телеграм. „Непријателот го таргетираше само центарот на Херсон“.

Во соопштението се вели дека работниците за брза помош спасиле две жени, на возраст од 70 и 80 години, кои биле заробени во зграда и го ставиле пожарот под контрола во погодената област.

Руските сили го окупираа Херсон во раните денови на инвазијата, која започна во февруари 2022 година, но го напуштија градот и западниот брег на реката Днепар кон крајот на минатата година. Тие сега редовно ги гранатираат овие области од нивните позиции на источниот брег на реката.

27.10.2023 - 22:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега