ВИДЕО: Рели возач се загледал во градите на една жена, па излетал од патот

Се борел за победа, но потоа ја изгубил концентрацијата и излетал од патот.

Рускиот рели возач им потклекнал на ниските страсти кои го чинеле победа. Водел во трката „Петровскаја Верста“, а потоа во еден момент накратко изгубил контрола над возилото, минал директно преку кривината и заглавил во снегот.

А за грешката е виновна една гледачка, очигледно страсна навивачка на некој друг возач. Таа, имено, при минувањето на Османов ја кренала маицата, што на возачот му го одвлекло погледот и го исфрлило од такт. Му го украла вниманието доволно за да задоцни правилно да реагира, па со автомобилот заглавил во снегот.

Изгубил драгоцено време, што го чинело победа. На крајот завршил на третото место. Интересно е дека Османов воопшто не ѝ е лут на гледачката.

„Ако се сретневме подоцна, заедно ќе се насмеевме за сето тоа“, рекол Османов.

10.02.2023 - 17:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега