Рускиот претседател Владимир Путин доживеа непријатен инцидент на сесијата на Меѓународниот форум за мир и градење доверба во Ашхабат, Туркменистан, откако микрофонот му беше исклучен цели 34 секунди додека се подготвуваше да започне важен говор.

Путин (73) изгледаше видно вознемирен и беспомошно бараше помош за да го продолжи говорот, иако 16 шефови на држави и влади, вклучувајќи ги и лидерите на земјите на НАТО (како Реџеп Таип Ердоган и Виктор Орбан), го гледаа како залудно се мачи.

На крајот, едно лице му пришло и му покажало како да го вклучи микрофонот со прекинувач. „Ви благодарам“, рекол Путин кратко пред да започне со своето обраќање.

Инцидентот веднаш предизвика реакции и критики на социјалните мрежи:

  • Азербејџанскиот весник „Минвал“ објави дека Путин „притиснал погрешно копче и зборуваше без звук речиси една минута“.
  • Украински коментар посочи дека Путин „го доби она што го заслужуваше“, прашувајќи се што воопшто бара на мировен форум по војната.
  • Новинската агенција ChTD ја спореди ситуацијата со навиката на Путин да им покажува на странските лидери во Кремљ како да користат слушалки за симултан превод, потенцирајќи ја иронијата.

Путин е во дводневна посета на Туркменистан, каде што треба да разговара со лидерите на Ирак и Иран.

Exit mobile version