ВИДЕО: Пронашле змија во машината за садови - семејство од Загреб запрепастено, едвај ја извлекле

Едно семејство од Загреб било прилично изненадено кога во машината за перење садови нашло змија.

Веднаш повикале спасувачи да го извлечат влекачот надвор.

„Змијата влегла во кујната и потоа во машината за садови! Луѓето биле шокирани, но доволно присебни за да не повикаат нас. Иако на лице место утврдивме дека станува збор за неотровен смок, неговото извлекување од машината не одеше лесно. Змијата не соработуваше. Со доста мачење ја префрливме во кутија. Ноќта ја помина во Думовац и беше пуштена во природа“, напишале спасувачите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.07.2020 - 09:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега