(ВИДЕО) Претседателот на СС на УКИМ: Студентите не веруваат во ниту една политичка партија

Во најкусо време да се постават конкретни рокови по однос на прашањата за условите во студентските домови, за ова, како што информираше во интервју за „Макфакс“ Славчо Темелковски, претседател на студентското собрание при УКИМ, се разговарало денеска во македонскиот парламент.

Според Темелковски, во врска со проблемите во студенстките домови, засега најприоритетно е барањето за подобрување на хигиената во студенсткиот дом „Стив Наумов“, едниот блок од студенскиот блок „Пелагонија“ и изземањето од антикризните мерки.

Темелковски верува дека роковите ќе бидат исполнети, бидејќи како што дополнува, гневот кај студентите е очигледен.

„Очекуваме конкретни датуми до кога ќе се санираат тоалетите во два студенски дома, притоа и конкретни датуми во однос на инфраструктурата и енергетската ефикасност во самите студентски домови, начинот на кој ќе се реализира исхраната во домовите и други поврзани прашања“, додава тој.

„Изјавите на политичарите ги следиме изминатите 30 години и поради тоа е и забележителниот одлив на младите од државата, поради тоа се забележува и одбивноста на студентите и младите кон сите политички чинители во државата“, вели Темелковски.

Оценува дека политичките партии токму по прашањето на актуелните проблеми со студентите покажале незрелост.

„Политичките партии покажаа многу ниско ниво на зрелост. Успеаја преку различни видови на моќ да се вмешаат во младинските политики“, потенцира Темелковски.

17.11.2022 - 18:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега