ВИДЕО: Пожар во центарот на Москва, шест лица загинаа, меѓу кои две деца

 

Шест лица, меѓу кои две деца загинаа во пожар на улицата „Меѓународна“ во Москва, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации.

Претходно, Итната помош соопшти дека пожарот ја зафатил и зградата во која се наоѓа хотелот.

Пожарот бил пријавен во 21 часот и 20 минути и истиот е локализиран.

„Евакуирани се 200 луѓе… Во пожарот се повредени девет лица. Шестмина загинаа, меѓу коу четворица возрасни и две деца“, се вели во соопштението на руското Министерство.

21.02.2023 - 23:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега