ВИДЕО: Поплави ја погодија Шпанија
Обилните дождови, предизвикани од студениот воздух што се движи низ југоисточна Шпанија, денеска ги поплавија патиштата и градовите, поради што властите во најтешко погодените области издадоа предупредувања за граѓаните да останат дома и да ги избегнуваат сите несуштински патувања.
Шпанската државна метеоролошка агенција АЕМЕТ прогласи црвен аларм во Валенсија и второ највисоко ниво на тревога во делови од Андалузија на југот, каде воз излета од шините поради обилните врнежи, но нема повредени.
АЕМЕТ предупредува дека најтешко ќе биде погодена Валенсија, каде се очекува да наврнат повеќе од девет милиметри дожд за еден час или 180 милиметри за помалку од 12 часа, пренесува Ројтерс.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа