ВИДЕО: Полицијата дојде да не апси дека градиме црква во Гостивар
На социјалната мрежа „Фејсбук“ објавено е видео во кое лицето кое го снима материјалот вели дека по наредба на јавен обвинител била испратена интервентна полиција за да ги спречи градежните активности околу црковен објект.
Во изјавата која што се слуша во позадина на видео материјалот се вели дека полицијата дошла на местото да ги уапси работниците од гостиварско кои го расчистувале теренот околу објектот.
Станува збор за православен храм во атарот на селото Галате.
Видеото е објавено на профил на фејсбук кој е насловен како „Мисија“.
Под видеото во коментари следат бурни реакции на граѓаните за постапките на надлежните институции.
Видеото можете да го погледнете ОВДЕ!
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа