ВИДЕО: Полиција претресуваше фудбалер на Милан како да е криминалец

Францускиот фудбалер Тимуе Бакајоко доживеа голема непријатност во центарот на Милано, откако беше запрен од полицијата, која го третираше како криминалец.

На социјалните мрежи беа објавени неколку снимки на кои може да се забележи дека полицијата се однесува грубо кон фудбалерот.

Полицајците во прв момент не знаеле дека станува збор за ѕвезда на „росонерите“, но потоа разбраа дека е фудбалер по што го променија нивниот однос.

Бакајоко игра на позајмица во Милан, откако пристигна во италијанскиот шампион од редовите на Челси.

18.07.2022 - 13:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа