ВИДЕО: Погледнете како изгледа да се шетате во вселената

Првата приватна вселенска прошетка предводена од американскиот милијардер Џаред Исакман штотуку започна.

Мисијата Polaris Dawn на „Спејс икс“ успешно ги лансира Исакман и уште тројца астронаути во орбитата на 10 септември за да се обидат да ја направат првата приватна вселенска прошетка за време на петдневниот лет.

Командант на мисијата е самиот Исакман, пилотот е пензионираниот потполковник на американските воздушни сили, Скот (Кид) Потет, специјалист за мисијата е Сара Гилис, шеф на вселенските операции на „Спејс икс“ за обука на астронаути, а медицинскиот службеник е Ана Менон од „Спејс икс“, пишува Space.com.Тоа е првиот од трите вселенски лета на програмата „Поларис“ и вториот што Исакман лично го финансира.

12.09.2024 - 20:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега