ВИДЕО: По Крим, Путин ненадејно го посети и Мариупол

 

Рускиот претседателот Владимир Путин дојде во ненадејна посета на Мариупол, украинскиот пристанишен град што руските сили го зазедоа откако речиси целосно го разурнаа и уништија, објавија државните медиуми, додавајќи дека слетал со хеликоптер.

Режимската новинска агенција на Русија РИА Новости објави видео за кое тврди дека го прикажува рускиот претседател Владимир Путин како вози автомобил околу Мариупол.

Ова е прво патување на Путин на териториите окупирани од Русија во украинскиот регион Донбас од почетокот на конфликтот. Според државните агенции, се прошетал низ градот и разговарал со жителите.

Посетата дојде откако Путин вчера ненајавено патуваше на Крим за да ја одбележи деветгодишнината од руската анексија на полуостровот, и само два дена откако Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налог за апсење на рускиот лидер.

19.03.2023 - 11:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа