ВИДЕО: Ова го нема ни на филм - „прелета“ меѓу автомобилите на крстосница, а никој не ни изгреба

Снимка која ја забележаа камерите на една крстосница во Австралија повеќе потсетува на дел од акционен холивудски филм, а вистинско чудо е како возачот успеал да избегне поголема несреќа.

Имено, на снимката јасно се гледа како возачот на бела тојота губи контрола над возилото, прелетува преку пешачки остров и влетува меѓу возила во движење на прометна крстосница.

За чудо, поминал меѓу автомобилите во движење, а успеан да не удри во ниту еден од нив, за потоа да продолжи да вози брзи низ колоната автомобили во спротивна насока кои стоеле на семафори.

Иако другите возила не се ни изгребани, белата тојота не успеала да запре како што треба и после прелетувањето низ коланат возила удрила во блискиот локал.

Зад воланот седела жена која заедно со помалото дете била примена на преглед после овој инцидент. Дежурните бо болницата рекле дека имаат лесни повреди, а дека е вистинско чудо што никој освен нив не е повреден.

28.09.2021 - 11:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега