ВИДЕО: Оштетени згради во Битола од земјотресот вечерва

 

Серија земјотреси вечерва беа почувствувани во делови од Македонија.

Најсилниот земјотрес е со интензитет од 5,5 степени според Рихтеровата скала и со епицентар во Лерин, Грција.

Според информациите на ЕМСЦ втор по јачина е земјотресот од 4,2 степени според Рихтер, и со епицентар на 22 километри јужно од Битола.

Регистриран е и трет земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала, а со епицентар на 19 километри од Битола.

Како што пренесе ТВ21 жителите на Битола веднаш излегле пред своите домови, исплашени од тресењето.

На снимката која ја објави телевизијата може да се забележат и материјалните штети предизвикани од потресот.

10.01.2022 - 00:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега