Експлозија одекнала на пазар во турскиот град Демре, при што се повредени неколку лица, објави локалниот новински портал Анталија Хакинда.
Причината за експлозијата сè уште не е утврдена, се вели во извештајот.
Турските екипи за итни случаи брзо се упатиле кон местото на настанот откако добиле пријави за повредени, пренесуваат тамошните медиуми.