Седум комбиња, еден мини-камион, шест камиони и шест патнички возила излегоа од кругот на поранешната фабрика ОХИС во Скопје, каде што е регистрирано седиштето на скопската компанија Алфафарм ДОО Скопје, регистрирана за производство и преработка на медицински канабис. Ова е првата локација од која, според информациите на „Скопје1“, се запленети околу девет тони марихуана.

Според нашите извори, на теренот покрај полициски службеници и истражители биле присутни и медицински тимови, а во акцијата учествуваа и возила на Царинска управа. Засиленото присуство и логистиката укажуваат на обемот и сериозноста на операцијата.

Втората локација од која се одземаат дополнителни околу 18 тони марихуана, според изворите на „Скопје1“, се наоѓа во струмичкиот регион. Со тоа, вкупната количина на запленета дрога во оваа координирана акција достигнува околу 27 тони, што претставува една од најголемите конфискации забележани досега. објави Скопје1.мк

Од властите засега нема официјални информации.

Exit mobile version