ВИДЕО: Нови немири во Ерусалим по петочната молитва и покрај прекинот на огнот

 

Нови судири меѓу Палестинците и израелските власти се случија во комплексот на џамијата „Ал-Акса“ во Ерусалим еден ден откако Израел потврди дека Кабинетот за безбедност едногласно гласал за одобрување на примирјето меѓу Тел Авив и Хамас, пренесува „Спутник“.

Портпаролот на израелската полиција изјави дека Палестинците фрлале камења кон полицајците, па властите морале да почнат со мерки за сузбивање немири користејќи шок-бомби и солзавец за да ги растераат толпите Палестинци вклучени во судирите.

Палестинската Црвена полумесечина пријави 15 повредени лица во судирите меѓу Палестинците и полицијата.

21.05.2021 - 18:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега