Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, информираше за финализирањето на работите на новата улица „СРУ 5“. По завршувањето на асфалтирањето, екипите на Јавното претпријатие „Паркинзи“ интензивно работат на исцртување на хоризонталната и поставување на вертикалната сообраќајна сигнализација.

Јавното претпријатие „Паркинзи“ работи на поставување и бележење на хоризонталната и вертикалната сигнализација врз основа на одобрен сообраќаен проект за траен режим за оваа улица. Како што веќе информиравме „СРУ 5“ има и велосипедска патека, соопшти градоначалникот Коњановски.

Како изгледа новата улица погледнете од видеото.

Exit mobile version