(ВИДЕО) Николовски: Стартува најважниот енергетски проект Чебрен, СДСМ гради за иднината

Енергетските успеси се реалност. После 13 неуспешни тендери во изминатите 20 години, стартуваме со реализацијат на најважниот енергетски проект, хидроелектраната Чебрен, инвестиција од над 1 милијарда евра, рече на денешната прес конференција Дарио Николовски, член на ЦО на СДСМ.

– Владата предводена од СДСМ спроведува стратешки инфраструктурни проекти за енергетски сигурна и стабилна иднина. Државата, идните герации, се сакаат со реализирање на овие важни проекти. Со овој огромен, многу значаен енергетски капацитет, ја зголемуваме енергетската независност на нашата држава и стабилноста на енергетскиот систем. Новиот енергетски капацитет од 333 Мега Вати задоволува целосно потреби на над 250 илјади домаќинства со просечна потрошувачка на струја. Не само што ќе произведуваме, туку и ќе извезуваме струја. Придобивките од овој историски проект се големи, во делот на енергијата, но и земјоделието, за заштита од поплави, регулација на речното корито, водоснабдувањето. ДПМНЕ 11 пати објавуваше тендери за реализација на Чебрен и не успеа, СДСМ направи успешна постапка со што овој проект влегува во фаза на реализација. Со успешната постапка се заштедуваат 100 милиони евра, пари на граѓаните. Со промена на одлуката на Владата на ДПМНЕ од 2013 година, Тиквеш го внесуваме во заедничка компанија, 3 месеци по пуштањето со работа на ХЕЦ Чебрен, – рече Николовски.

Тој додаде дека целата инвестиција од над 1 милијарда евра е обврска на инвеститорот, државата и граѓаните нема да потрошат ниту денар за објектот. На крај се прави акционерско друштво во кое ЕСМ има 30% сопственост.

Според Николовски, хидроцентралата Чебрен ќе игра клучна улога во енергетската транзиција, помагајќи во намалување на производството од јаглен и поддржувајќи обновливи извори на енергија.

19.11.2023 - 14:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега