(ВИДЕО) Николов: Меџити да одговори колку „Онкологии" има во комплексот клиники Мајка Тереза

„Министерот за здравство, Фатмир Меџити очигледно не го интересира работењето на јавните здравствени установи. И додека тие се распаѓаат во секоја смисла, за него поважни се турнеите низ светот, како што му е важно да си игра министер за надворешни работи. Празните флоскули во неговите соопштенија за таквите патувања низ светот  јасно покажуваат дека Меџити не го интересира функционирањето на здравствениот систем.  Уште помалку е заинтерсиран за бенефитот на здравствените работници и функционирањето на здравствениот систем“, обвини на денешната прес-конференција претседателот на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Николов.

Тој потенцираше дека доколку Меџити завршил со патувањата низ светот за почеток го охрабрувале да ја информира јавноста за работата на неколку клиники со оглед на тоа дека до Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ пристигнувале информации од вработени за низа нерегуларности.  
„Меџити во духот на транспарентноста со која што им се полни устите, а во пракса гледаме нула отчетност треба да даде одговор или јавно да ги објавени извештаите од надзорите за почеток од работата на следните институции: Институтот за трансфузиона медицина,  Универзитетските клиники трауматологија, ортопедија, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар познато како ТОАРИЛУЦ, Клиниката за кардиологија, Клиниката за хематологија и Клиниката за ревматологија“, потенцираше Николов.
 
„Меџити треба да даде отчет и одговори на следните прашања:
Прво, кога и колку надзори во овие пет установи извршиле и контролирале надлежните институции. Или кога и колку контроли направило Министеството за здравство, Фондот за здравствено осигурување, Државниот завод за ревизија и Државниот санитарен и здравствен инспекторат?

Второ, доколку имало контроли на работата што е констатирано од надлежните институции и да се објават забелешките?

Трето, дали и што преземало Министерството за здравство и другите надлежни институции за да ги отколанат аномалиите кои што се случуваат во овие организации?
Меџити треба да одговори колку „Онкологии" има во комплексот Клинички центар Мајка Тереза, а не да дозволува да се заташкуваат работите како што е во случајот со Клиниката за онкологија. Укажуваме до надлежните институции меѓу кои и Државниот завод за ревизија за потребата од контрола на работатата на сите здравствени институции, а за почеток на  гореспоменатите институции“, наведе Николов. 

09.12.2023 - 11:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега