Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави видео од реконструкцијата на обиколницата во Крива Паланка.

” Рехабилитација на обиколницата Крива Паланка која води до соседна Бугарија. 

Многу значаен проект на Коридор 8 кој е продолжение на експресниот пат Страцин – Крива Паланка и патна врска со граничниот премин Деве Баир кој е главна врска со Бугарија. 

Обиколница на Крива Паланка е проект со кој го поттикнуваме регионалниот развој и соработка, во истовреме обезбедуваме побрз транспорт и безбеден сообраќај” напиша вицепремиерот Николоски. 

Exit mobile version