ВИДЕО: Невреме во регионот - улиците се поплавиле за само неколку минути
Силна бура, проследена со дожд, мраз и силен ветер денеска ја зафати Тузла.
Невремето посебно се почувствувало на широкото подрачје на Тузла, каде градските сообраќајници за неколку минути биле во целост поплавени поради шахтите кои не можеле во целост да примат голема количина на вода.
Водата продрела и до подрумските простории на станбените згради.
Пожарникарите се и понатаму на терен и ги чистат улиците од невремето.
После едночасавното врнење, времето се стабилизирало, а водата се повлекла.
06.06.2021 - 21:12
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа