ВИДЕО: Невреме и поплави во Сицилија - најмалку двајца загинати

Најмалку две лица загинаа откако силно невреме го погоди јужниот италијански остров Сицилија и предизвика големи поплави околу градот Катанија, претворајќи ги улиците и плоштадите во реки и езера, соопштија денеска спасувачите.

Портпаролот на групата волонтери на „Мисерикордија“, кои им помагаат на полицијата и пожарникарите, изјави дека тело на маж е пронајдено под автомобилот поради обилните дождови што го зафатија градот Гравина, северно од Катанија, пренесува Ројтерс.

Полицијата, контактирана од Ројтерс, ја потврди смртта, но не соопшти повеќе детали.

Телото на 67-годишен маж е пронајдено вчера во шума далеку од местото каде што последен пат бил виден, па се претпоставува дека неговиот автомобил бил однесен од порој вода и кал југозападно од сицилијанскиот град Катанија.

Сопругата на повредениот се уште се води како исчезната, потврдија за репортерот на Ројтерс од локалната брза помош.

Дождот поплави некои од најпознатите улици и плоштади во Катанија и предизвика прекин на електричната енергија во центарот на градот и поплава на продавници, а училиштата беа затворени во градот и во голем број околни места.

Поплавите го зафатија и одделението на болницата Гарибалди во Катанија, јавуваат медиумите.

„Вонредната ситуација е широко распространета и исклучително критична и се чини дека не се подобрува“, изјави портпаролот на противпожарната служба.

26.10.2021 - 22:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега