ВИДЕО: Несторовски не му дозволува на Јувентус да слави титула, прекрасен гол на Македонецот

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски го тресна и шампионот на Италија Јувентус. Пред неколку недели и даде гол на Рома на „Олимпико“, вечерва ја затресе мрежата на Шчесни за 1:1 на дуелот меѓу неговиот Удинезе и Јувентус.

Јувентус со победа би се закитил со „скудетото“, но Нестор, барем засега, не им дозволува на Роналдо и другарите да се радуваат.

Инаку ова е трет гол на македонскиот фудбалер во дресот на Удинезе сезонава. Освен на Јуве и Рома и даде гол и на Сампдорија во ноември минатата година.

Овој резултат беше активен на семафорот се до 92 минута кога Фофана си поигра со дел од играчите на Јуве за да потоа стрела за 2-1 и голема победа во борбата за опстанокот во елитата.

Удинезе сега има 39 и е на 15 место на табелата, Јуве е прв со 80 и веќе во дуелот со Сампдорија на 26 јули може да ја прослави новата титула.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.07.2020 - 22:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега