ВИДЕО: Неколку часа по почетокот на примирјето, нов конфликт во Ерусалим
На социјалните мрежи се појави најново видео – повторно судири меѓу Палестинците и израелската армија во близина на џамијата Ал Акса во Ерусалим.
Некои медиуми наведуваат и дека бил фрлен солзавец кон Палестинците.
И претходната, единаесетдневна размена на ракети, започна со судири пред таа џамија. Тоа резултираше со фрлање на над 4.000 ракети, од една на друга страна и големи загуби. Загинаа и многу цивили.
Според последните информации, во конфликтот се повредени 15 лица.
Сите напори да се стави крај на конфликтот вродија со плод дури 11-тиот ден, кога Израел се согласи на примирје, но со назнака дека сите нивни разговори со противничката страна се однесуваат на политичкото крило на Палестина – Фатах и дека нема разговори со Хамас.
Прославата по прогласувањето на примирјето започна од двете страни на „жицата“, а Палестинците започнаа да се собираат во џамијата Ал Акса од раните утрински часови, поради што израелските безбедносни сили беа во готовност.
NOW - Palestinians flood #AlAqsa mosque compound and Temple Mount in East Jerusalem for Friday prayers as Israeli security forces brace for possible clashes.pic.twitter.com/BijPAiGV9l
— Disclose.tv (@disclosetv) May 21, 2021
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа