ВИДЕО: Насилници тепаат вработен во маркет за бела техника - МВР вели дека инцидентот е од септември, а напаѓачите се фатени

 

Двајца насилници напаѓаат вработен во маркет за бела техника. Го удираат, а откако паѓа на земја со клоци и боксови го удираат во глава, додека неговата колешка немоќно се обидува да му помогне.

Вакво видео се шири на социјалните мрежи.

Видеото, како што соопшти Министерството за внатрешни работи, е инцидент кој се случил пред повеќе од еден месец. Откако дел од медиумите почнаа да го пренесуваат како денешна вест, МВР  преку соопштение информираше дека инцидентот се случил во септември а насилниците се веќе приведени.И двајцата го признале делото и заработиле кривична пријава. Им бил определен и домашен притвор.

-Имено, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје на 25.09.2023 ги лишиле од слобода Ф.В.(25) и А.Ф.(33), двајцата од Скопје поради основано сомнение дека на 20.09.2023 во продажен објект кај арената „Тоше Проески“ физички го нападнале вработениот А.В. од Скопје.“ – стои во полициското соопштение.

 

11.11.2023 - 23:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега