(ВИДЕО) Најмладата новинарка во Газа има само 11 години


Една од најмладите нови новинари во Газа е 
Сумаја Вушах која има само 11 години и известува за Палестинците.

Девојчето во интервју за Ал Џезира изјави дека не се плаши да известува од завојуваниот Појас Газа, каде од 7 октомври во израелските напади се убиени повеќе од 100 новинари.

„Мајка ми и татко ми беа загрижени кога почнав да известувам бидејќи знаеја дека новинарите се цел. Но, видоа дека сакам да го направам тоа и дека сум одлучна, па ми дозволија“, изјави 11-годишното девојче.

Сумаја вели дека била инспирирана да ги раскаже приказните за Палестинците во Газа од репортерката на Ал Џезира, Ширин Абу Аклех, која беше убиена од израелски снајперисти во Џенин.

28.02.2024 - 09:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега