(ВИДЕО) Милошоски: Директорот на ГТЦ веројатно соучесник во копањето на милионски суми биткоини на државна струја
Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, преку пост на социјалната мрежа фејзбук објави видео и обвини дека директорот на ГТЦ, како што напиша, бил веројатно соучесник во копањето на милионски суми биткоини на државна струја. Исто така, го обвини директотор и за лажење.
„Ѓоко Трајчевски, директор на ГТЦ, веројатно соучесник во копањето на милионски суми биткоини на државна струја, забранил новинарите да ги снимаат незадоволните дуќанџии кои бараат одговори за скандалот со "риг-фармата" на советникот од листата на СДСМ, Габриел Бајрам. Истовремено, директорот на ГТЦ лаже. ЕВН носи струја до главната трафостаница, а самиот ГТЦ ја носи струјата до магацинот на Габриел Бајрам и до дуќанџиите“, се вели во постот на Милошоски.
19.11.2021 - 16:44
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа