ВИДЕО: Мицкоски: Се бориме за Македонија која ќе биде најбогата на Балканот
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, тврди дека власта останува посветена на борбата за подобра инфраструктура, подобро здравство, поквалитетно образование и конкурентна економија.
- Борбата дома е борба којашто ние ќе ја водиме, борба за подобра инфраструктура, подобро здравство, поквалитетно образование, конкурентна економија, и тоа го правиме откако сме избрани како Влада, но таа борба за еден од нај малубројните народи во Европа, не е доволна. Треба да победуваме и во Вашингтон, Брисел, Берлин, Лондон, Париз, Рим и други светски метрополи ако сакаме македонското прашање конечно да добие своја разврска бидејќи тоа не е решено, тоа со векови тлее и трае и сè уште постои, изјави Мицкоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа